19 Jun Преку младинско претприемништво до рурален развој
Posted at 10:09h
in Проекти
„Преку младинско претприемништво до рурален развој” е проект кој Здружение „Доверба” – Куманово го реализира во 2016 год. со поддршка на Влада на РМ и во соработка со: општината Старо Нагоричане, Регионалниот центар Кратово, општина Куманово и Црвен Крст-Кратово.

Активности на проектот се:
- Формирање работен тим кој го помага развојот на проектот составен од претставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, млади искусни претприемачи од Крива Паланка и Здружение Доверба Куманово.
- На 20 невработени млади од општините Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Куманово кои им се одржа 3 дневен семинар во Куманово за: структура на бизнис план, елементите на процесот на планирање, можни извори на финансирање на бизнис план. Предавач на семинарот беше: проф. Наташа Ристовска, од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
- Секоја од формираните групи на младинци спроведе анкети/прашалници/интервјуа за да собере повеќе информации за бизнис идејата која ја има со жителите во својата општина.
- Резултатите од овие анкети/прашалници/интервјуа беа сместени во бизнис планот кој беше доработуван за време на дводневниот семинар кој се одржа во општината Старо Нагоричане. Двајца искусни претприемачи го водеа целиот процес на пополнување на бизнис формуларот водени од сопствените искуства.
- Младите учесници во наредниот месец со помош на предавачите го довршиа пополнувањето на индивидуалните или тандемските формулари за биснис планови.
- Организиран јавен натпревар во Комитет на град Куманово на тема: „Најдобар бизнис план” – на која говорници беа шест од учесниците кои ги презентираа своите бизнис планови пред присутните и се бореа за првата награда. Комисијата беше составена од предавачите и од професори за бизнис и бизнис претприемачи од Куманово, а модератор беше Ивана Јанковска раководител на проектот.Настанот го следеа бизнисмени од Куманово и регионот и млади заинтересирани за темата од средни училишта во градот.
- Издадена двојазична (македонско-англиска) брошура: „Преку младинско претприемништво до рурален развој“, која е наменета за младите потенцијални претприемачи и треба да им послужи како водич за пишување на сопствените бизнис планови и воведување во темата младинско претприемништво.
- Предлози кои произлегоа од работата во проектот ќе бидат од помош на проект учесниците кои работеа на плановите и идеите кои ги имаа замислено, ама не и разработено. Исто така беа презентирани пред бизнис претприемачи кои понатаму можат да им помогнат во реализацијата, а беа споделени и искуства и можни начини за финансирање на истите.
- Сите настани беа медиумски покриени со што се реализираше медиумска подршка за популаризација на категоријата “млад претприемач” која до сега многу ретко беше застапена.