Loader
”Интеграција во основното образование”
482
post-template-default,single,single-post,postid-482,single-format-standard,bridge-core-1.0.5,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,footer_responsive_adv,hide_top_bar_on_mobile_header,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-18.1,qode-theme-bridge,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.0.2,vc_responsive
 

”Интеграција во основното образование”

”Интеграција во основното образование”

Проектот  се реализира во период од 01.12.2017 до 31.03.2018 год. и има цел да придонесе за подобра меѓуетничка комуникација, а надминување на јазични пречки, етнички стереотипи и предрасуди меѓу учениците од ООУ „Вук Караџиќ” и ООУ “Наим Фрашери” од Куманово. Во  проектoт работеа 40 ученици, во мешан етнички состав од осмо и деветто одделение, заедно со проектниот тим- координатор Дивна Јанкова, асистент Бјондина Џафери и менторите: Надица Петровска, Башким Ќерими, и Марија Величковска.

Активностите се реализираа преку работилници за зајакнување на тимска работа  и преку заедничка креативна работа каде учениците беа поделени во две групи: (фотографија и сликање).

Како дел од активностите беше и заедничко дружење во Скопје во Зоолошката градина, Градскиот парк, Музејот на современа уметност  и скопското Кале, каде што сите сплотени заедно учеа зборови од двата јазика, култура, историја, разновидни игри за почит, соработка и толеранција.

Во проектот се вклучени и останати основни и средни училишта од Куманово преку литературен конкурс на тема: „Пријателството нема граници” а најдобрите две творби, од пристигнатите 40 од основни и средно училиштa, се содржат во каталогот и се преведени на двата јазика (македонски и албански). Истите беа прочитани на почеток на отварање na изложбата.

На изложбата се објавени 10 слики со темперни бои на платно кои што беа изработени во парови со мешан етнички состав, 20 цртежи и 5 цртежи на хамер изработени во група од 4 ученици и 20 избрани фотографии од реализираните во работилници за фотографирање.

На отварањето на изложбата во Центар за култура “Трајко Прокопиев” присуствуваа градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, претседавач на Совет на општина Куманово Атина Мургашанска како и советници на Советот на Куманово, директори, родители, професори, ученици.

Проектот: „ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“ го спроведува здружението “Доверба”-Куманово а е финансиран од Мировна акција Прилеп/Тетово и Центарот за мировни студии Загреб преку поддршка од Делегацијата на ЕУ во Македонија и “ЦИВИКА Мобилитас”.

 Учениците од групата за фотографија и сликање одржаа работилница на тема “Разликите не приближуваат”.