Loader
Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово
1023
post-template-default,single,single-post,postid-1023,single-format-standard,bridge-core-1.0.5,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,footer_responsive_adv,hide_top_bar_on_mobile_header,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-18.1,qode-theme-bridge,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.0.2,vc_responsive
 

Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово

Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово

„Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово” е проект кој Здружение „Доверба” – Куманово го реализира во 2015 год. со подршка на Влада на РМ и во соработка со: Центар за социјални работи–Куманово, Агенција за вработување-Куманово и Црвен Крст-Куманово.

Активности на проектот се:

  1. Формирање работен тим кој го помага развојот на проектот составен од претставници на Центар за социјални работи–Куманово, Агенција за вработување-Куманово и Црвен Крст-Куманово, самохрани родители и НВО.
  2. На 20 самохрани родители од кои најголем дел беа корисници на социјална помош им се одржа 3 дневен семинар за: психосоцијална рехабилитација, личен раст и развој, ефикасна комуникација и медијација како алтернативно решавање на проблеми. Предавачи на семинарот беа: проф. Д-р Сунчица Димитријоска, од Институт за Социјална политика, психолог Злата Анчевска и м-р Дивна Јанкова обучувач за медијација.
  3. Се одржуваа 3 месеци еднаш седмично „Отворени денови” за самохрани родители во простории на ЗГ „Доверба –Куманово” со вклучени на психотерапеут, социјален работник и медијатор,
  4. Организирана тркалезна маса на тема: „Проблематика на самохрани родители помош и соработка” – на која говорници беа Сузана Анова државен советник за креирање на политика од социјална заштита од МТСП, проф-др.Сунчица Димитријоска од институт за социјална политика, Благе Јакимовски од Агенција за вработување и Илија Мицковски од Црвен крст- Куманово а модератор беше Дивна Јанкова раководител на проектот.Настанот го следеа самохрани родители советници од Совет на општина Куманово професори и стручна служба од основни и средни училишта во градот.
  5. Организиран завршен настан на кој самохрани мајки со своите деца беа на излет на кој свечено им беа доделени сертификати за следена обука.
  6. Издадена двојазична (македонско-албанска) брошура: „Како да си помогнеме на себе и своето семејство“, која е наменета за самохрани родители и треба да им послужи за справување со стресна состојба, ефикасна комуникација и справување со судири.
  1. Предлози кои произлегоа од работата во проектот ќе бидат од помош на работата на оваа проблематика понатаму на НВО сектор и ЦСР-Куманово се:
    – потреба и по развод да се работи со родителот старател на децата за негова психосоцијална рехабилитација-психолошка помош освен во решавање на егзистенцијални проблеми.
  2. Сите настани беа медиумски покриени со што се реализираше медиумска подршка за популаризација на категоријата “самохран родител” која до сега многу ретко беше застапена