Loader
На пат кон почит и разбирање
1001
post-template-default,single,single-post,postid-1001,single-format-standard,bridge-core-1.0.5,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,footer_responsive_adv,hide_top_bar_on_mobile_header,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-18.1,qode-theme-bridge,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.0.2,vc_responsive
 

На пат кон почит и разбирање

На пат кон почит и разбирање

  
 Работевме на проектот “На патот кон почитување и разбирање”, финансиран од ИТЗ Македонија за подобрување на соработката и комуникацијата меѓу учениците, наставниците и родителите преку вештини за комуникација и медијација и компетенција за акција за подготовка и реализација на училишни проекти во пет основни и три средни училишта во Куманово со мултиетнички состав на учесниците во проектот. Во рамките на проектот реализирани 12 ученички проект-акции, објавени се четири броја на двојазичен (македонско-албански) весник “Младински бранувања”, две ТВ емисии, брошура, две екскурзии и др. како и голем број работилници кои самите учесници ги одржаа за свои соученици како пиер едукација (180 учесници).
Освен издавањето на весникот, објавени се шест брошури (две од нив двојазични македонско-албански). Сите наши поголеми и поважни активности беа претставени во локалните медиуми со новинарски статии или ТВ извештаи. Одржани се неколку јавни дебати со учество на стручни лица во соодветната област.
Организиравме четири семинари за студентите, наставниците и родителите што резултираше со обучени учениците, наставниците и родителите да ја следат работата на учениците и да им се помогне во реализацијата на нивните активности и да работат со посредство, како и во реализацијата на ученичките проектни активности.