15 Jul Пријателска училница-2
Posted at 12:23h
in Проекти
Во проектот “Пријателска училница 2”, финансиран од страна на Институтот за трајни заедници-Македонија, работевме со ученици од 4 основни училишта на јакнење на нивните капацитети да се справат со проблемите и помагајќи им да се подобри ефикасната комуникација (60 учесници). Како резултат на проектот објавивме брошура која ќе ги потсетува учениците на она што го научиле во текот на проектот и како да го применуваат практично и тоа исто така ќе им овозможи на родителите и наставниците да ја следат работата и напредокот на учениците.