
15 Feb Склучен меморандум за соработка меѓу директорот на ОСТУ “Наце Буѓони” и претседателката на Здружение “Доверба” Куманово
На 3ти фебруари беше склучен меморандум за соработка меѓу директорот на ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово Драган Јаневски и претседателката на Здружение “Доверба” Куманово Дивна Јанкова за работа на проектот “Обединети во мирот”, поддржан од страна на “Екуменска иницијатива жена”.
Пред 18 години во работа на план на ненасилна комуникација Здружение “Доверба” Куманово отвори клубови за медијација во 5 основни и 4 средни училишта кои беа први такви иницијативи во земјата. Во овој проект ќе се продолжи со работа на зајакнување на довербата и силата на ненасилството како предуслови на изградба на мирот помеѓу ученици од различни етнички заедници во ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово.
Проектните активности ќе бидат насочени на создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност и вештини за посредување и медијација.