
28 Feb Средношколци од „Наце Буѓони“ порачаа „Различности не зближуваат“
Над 20 ученици од средното стручно училиште „Наце Буѓони“, од различна етничка припадност денеска учествуваа на втората активност, работилница за запознавање на културата на припадниците од „другите“ етнички заеднички, како пат за градење иднина во мир, која што ја организираше Здружението„ Доверба“, во рамки на проектот „Обединети во мирот“. Учениците имаат можност да применат различни техники и да се самоизразат преку цртање поединечни идеи како и заедничка групна слика, на тема „Различности не зближуваат“. Целта е да се зајакне довербата и силата на ненасилството како предуслови за изградба на мирот помеѓу учениците од различните етнички заедници.
-Преку овој проект меѓусебно се запознаваме, ги прифаќаме нашите добри и лоши страни, разбираме дека секој од нас е различен и на крајот на денот сфаќаме дека сите ние сме различни но тоа не правлекува-истакна Марија Хаџи Панчева од средното техничко училиште „Наце Буѓони“.
– Денеска сме тука за да се соочиме со тоа дека не треба да ги осудуваме другите и нивното различно размислување, треба да ја вклучиме нашата емпатија да се ставиме во туѓо тело и туѓ ум затоа што на крајот од денот да се прифатиме сите затоа што сите сме различни а таа различност не зближува- нагласи Сандра Ристиќ ученик во Наце Буѓони
-Да мислиме позитивно да не дозволуваме негативноста да влезе во нашиот живот и средина- посочи Ермира Шефкети, ученик Наце Буѓони
-Преку овој проект ние ќе научиме како да бидеме смирени, позитивни со другите-истакна Сара Ислами, ученик Наце Буѓони.
Активностите е предвидено да траат до први август, кога ќе бидат презентирани на изложба.
