
20 Mar Одржана работилница за цртање во рамки на проектот „Обединети во мирот“
Posted at 13:46h
in Проекти
На 18.03 се одржа првата работилница за цртање, претставување на заеднички вредности и претставување на индивидуален израз во групен цртеж, пропратено со координација на моториката во ликовното изразување на која учествуваа ученици од средното стручно училиште „Наце Буѓони“, од различна етничка припадност.
Работилницата ја организираше Здружението„ Доверба“ Куманово, во рамки на проектот „Обединети во мирот“.
Целта е да се зајакне довербата и силата на ненасилството како предуслови за изградба на мирот помеѓу учениците од различните етнички заедници.