
03 Jun Активности за месец мај на групата Ненасилна комуникација и медијација од проектот “Обединети во мирот”
Во текот на месец мај се одржаа неколку работилници со групата Ненасилна комуникација и медијација како дел од проектот “Обединети во мирот” на здружението „ Доверба“, поддржан од страна на “Екуменска иницијатива жена” од Хрватска.
На 06.05.2022 групата работеше на нови сценарија и на подготовка за отварање на Клуб на медијатори во ОСТУ “Наце Буѓони”.
На 13.05.2022 се отвори Клуб на медијација.
Се одржаа презентации во двете смени и во двете згради на македонски и албански јазик на ученици претседатели и на безбедни училишта. За училишна медијација се претставија 20 обучени медијатори кои ќе работат во Клуб на медијација.
На 19.05.2022 групата Ненасилна комуникација и медијација работеше на утврдување на материјал и сценарија кои би можело да ги претстават на завршен настап.