29 September, 2023 in Uncategorized На 25.09. во центарот на градот, средношколци одржаа “Парада на мир”. Беа испишани мировни пораки за намалување на насилството меѓу учениците а беше одржана и трибина во Занаетчиски дом во Куманово.
16 August, 2023 in Uncategorized За Клубовите за медијација поставени се постерите: ”Сите се победници во врсничка медијација” на македонски и албански јазик.
16 August, 2023 in Uncategorized Објавени се постерите насловени: ”Сите се победници во врсничка медијација” на македонски и албански јазик.
17 June, 2023 in Uncategorized Пред членови на безбедни училишта, групата за “ненасилна комуникација и медијација” ги сподели своите знаења и спремност да работат на решавање на судири по пат на медијација. По веќе постоечките два клуба во ОСТУ “Наце Буѓони” се отворија и “Клубови за медијација” во училиштата Гимназија “Гоце Делчев” “и СОУ “Перо Наков”. Клубовите за медијација во иднина активно ќе работат со поддршка на наставниците и стручната служба во двете училишта во паралелки кои учат на македонски и на албански наставен јазик
30 May, 2023 in Uncategorized На 23.05. се одржа работилница со група Почитување на разлики во која учествуваа ученици од ОСТУ “Наце Буѓони ” СОУ “Перо Наков” и Гимназија ” Гоце Делчев “од мешан етнички состав. Tемата Човекови права беше разработена преку: значење на поимот, групирање, базични принципи, и примена на човекови права.
30 May, 2023 in Uncategorized На 18.05.2023 година се одржа третата работилница на групата за Ненасилна комуникација и медијација составена од ученици од Гимназија “Гоце Делчев “и СООУ “Перо Наков” од мешан етнички состав . Учесниците ги вежбаа фазите на медијација на дадени сценарија поделени во 4 групи на 4 различни проблеми.
30 May, 2023 in Uncategorized На 10.05.2023г. во ОСТУ “Наце Буѓони “одржана трета работилница на врсничка обука за медијација на која ученици ги потсетија своите врсници за претходно поминатите најбитни сегменти на ефикасна комуникација и активно слушање. Фазите на медијација се обработија преку сценарио на измислен случај.
01 May, 2023 in Uncategorized На 27.04.2023 одржана работилница на групата “Почитување на разлики” составена од ученици од мешан етнички состав од ОСТУ “Наце Буѓони,” СОУ “Перо Наков” и Гимназија “Гоце Делчев” се работеше на влијанието на перцепции, стереотипи и предрасуди за подобро меѓусебно разбирање.
01 May, 2023 in Uncategorized На 25.04.2023 година се одржа втората работилница од циклусот еднодневни работилници на тема „Ненасилна комуникација со акцент на медијација“ со ученици со мешан етнички состав од Гимназијата „Гоце Делчев“ и СОУ „Перо Наков. На работилницата учениците го повторија целиот материјал работејќи во пет групи и вежбаа медијација со дадено сценарио. Воедно се подготвија за дисеминација на наученото во своите училишта при отварање на Клубови за медијација
01 May, 2023 in Uncategorized На 06.04.2023 одржана е втора работилница со врсничка обука за ненасилна комуникација и медијација каде четири обучувачи им ги презентираа темите: парафразирање, позиции, интереси и потреби како и фази на медијација на 35 свои врсници од мешан етнички состав од ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово.