Loader
Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово
488
post-template-default,single,single-post,postid-488,single-format-standard,bridge-core-1.0.5,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,footer_responsive_adv,hide_top_bar_on_mobile_header,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-18.1,qode-theme-bridge,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.0.2,vc_responsive
 

Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово

Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово

  • „Јакнење на самохрани родители и нивни семејства на територија на општина Куманово” е проект кој Здружение „Доверба” – Куманово го реализира во 2015 год. со подршка на Влада на РМ и во соработка со: Центар за социјални работи–Куманово, Агенција за вработување-Куманово и Црвен Крст-Куманово.
  • Активности на проектот се:
  • Формирање работен тим кој го помага развојот на проектот составен од претставници на Центар за социјални работи–Куманово, Агенција за вработување-Куманово и Црвен Крст-Куманово, самохрани родители и НВО.
  • На 20 самохрани родители од кои најголем дел беа корисници на социјална помош им се одржа 3 дневен семинар за: психосоцијална рехабилитација, личен раст и развој, ефикасна комуникација и медијација како алтернативно решавање на проблеми. Предавачи на семинарот беа: проф. Д-р Сунчица Димитријоска, од Институт за Социјална политика, психолог Злата Анчевска и м-р Дивна Јанкова обучувач за медијација.
  • Се одржуваа 3 месеци еднаш седмично „Отворени денови” за самохрани родители во простории на ЗГ „Доверба –Куманово” со вклучени на психотерапеут, социјален работник и медијатор,
  • Организирана тркалезна маса на тема: „Проблематика на самохрани родители помош и соработка” – на која говорници беа Сузана Анова државен советник за креирање на политика од социјална заштита од МТСП, проф-др.Сунчица Димитријоска од институт за социјална политика, Благе Јакимовски од Агенција за вработување и Илија Мицковски од Црвен крст- Куманово а модератор беше Дивна Јанкова раководител на проектот.Настанот го следеа самохрани родители советници од Совет на општина Куманово професори и стручна служба од основни и средни училишта во градот.
  • Организиран завршен настан на кој самохрани мајки со своите деца беа на излет на кој свечено им беа доделени сертификати за следена обука.
  • Издадена двојазична (македонско-албанска) брошура: „Како да си помогнеме на себе и своето семејство“, која е наменета за самохрани родители и треба да им послужи за справување со стресна состојба, ефикасна комуникација и справување со судири.
  • Предлози кои произлегоа од работата во проектот ќе бидат од помош на работата на оваа проблематика понатаму на НВО сектор и ЦСР-Куманово се:
    – потреба и по развод да се работи со родителот старател на децата за негова психосоцијална рехабилитација-психолошка помош освен во решавање на егзистенцијални проблеми.
  • Сите настани беа медиумски покриени со што се реализираше медиумска подршка за популаризација на категоријата “самохран родител” која до сега многу ретко беше застапена