
20 Mar Одржана работилница за ненасилна комуникација и медијација
Posted at 13:35h
in Проекти
Нa 11.03. 2022 се одржа првата работилница за ненасилна комуникација и медијација на која учествуваа ученици од средното стручно училиште „Наце Буѓони“, од различна етничка припадност.
Игри, обновување на знаење и работа на измислени случаи посредување, активности насочени на создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност и вештини за посредување и медијација.