
03 Jun Активности за месец април на групата Ненасилна комуникација и медијација од проектот “Обединети во мирот”
Posted at 20:03h
in Проекти
Во текот на месец април се одржаа две работилници со ученици кои се дел од групата Ненасилна комуникација и медијација од проектот “Обединети во мирот”, поддржан од страна на “Екуменска иницијатива жена”.
На првата работилница (08.04.2022) се работеше за потреба од комуникација кога работиме на создавање заедничко дело и работа на медијација во 3 и 4-та фаза на измислени случаи.
На втората работилница (27.04.2022) се работеше на подготовка на учениците за користење на техники за решавање на конфликти со акцент на посредување – работа во група на дадено сценарио – вежбање на фазите на медијација.
Учесниците беа посветени и мотивирани и активно учествуваа во активностите на работилницата.