
03 Jun Активности за месец април на групата Цртање и сликање од проектот “Обединети во мирот”
Во текот на месец април се одржаа три работилници со групата Цртање и сликање од проектот “Обединети во мирот”, поддржан од страна на “Екуменска иницијатива жена”.
Работилниците се изведуваа во ликовно ателје со две групи на ученици.
На првата работилница(01.04.2022) учениците под водство на нивниот ментор вршеа креативно осмислување и разгледување на процесот кој ќе следува.
Содржина на втората работилница (15.04.2022):
– Составување на Групниот Мозаик
– Осмислување на симболите проткаени во Мозаикот
– Работа на ликовните творби, секој на свое креативно место и локација.
Содржина на третата работилница(29.04.2022):
– Составување на Групниот Мозаик
– Осмислување на симболите проткаени во Мозаикот
– Работа на ликовните творби, секој на свое креативно место и локација.
Учениците беа задоволни со нивната работа.