Loader
Завршен настан на проектот “Обединети во мирот”
1431
post-template-default,single,single-post,postid-1431,single-format-standard,bridge-core-1.0.5,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,footer_responsive_adv,hide_top_bar_on_mobile_header,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-18.1,qode-theme-bridge,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.0.2,vc_responsive
 

Завршен настан на проектот “Обединети во мирот”

Завршен настан на проектот “Обединети во мирот”

Средношколците од различни етнички заедници од Куманово, денеска учествуваа на завршен настан во рамки на проектот “Обединети во мирот” кој го реализираше Здружението на граѓани “Доверба” од Куманово.

Во проектот се опфатени 50 ученици од средното училиште “Наце Буѓони” Куманово од различни етнички заедници, кои преку активности се обучуваа за создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација, како и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност и вештини на посредување и ученичка медијација. Во рамки на проектот беа одржани обуки и работилници за решавање на конфликти и запознавање на културата на припадниците на различни етнички заедници.

– Во овој период на воени судири има немир кај луѓето, а и короната остави траги. Оваа практика што “Доверба” ја има од 2002 година кога се вклучивме во градот кога беше потребна ненасилна комуникација и медијација, во девет училишта, па продолживме да бидеме ние иницијатори, да постои советување за учениците, да се научат и родителите, бидејќи основна воспитна улога е кај родителот. Сега продолжуваме во “Наце Буѓони” тој клуб на медијација да биде едно јадро кое ќе се прошири и во градот. Овие техники не само да се совладаат туку да бидат еден стил, атмосфера во училиштето и градот, изјави Дивна Јанкова од здружението “Доверба”.

На настанот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, претседателката на Совет на Општината и претставници на општинска администрација. Проектот претставува можност за зајакнување на капацитетите, кои ги поседуваат учениците, помош при справување со проблемите, со кои се соочуваат, како и правилен начин на подобрување на ефикасната комуникација, каде што учениците ќе се насочуваат кон наученото за време на проектните активности и на кој начин ќе можат практично да го применуваат.

– Она што е многу типично за нашето општество, постковид состојбата во училиштата каде што има енормно покачување на агресивно делување на учениците и ова е нешто што се случува постојано во училиштата и навистина ја поддржувам медијаторската улога на учениците во училиштата затоа што еден психолог, педагог во училиштата е недоволен за решавање на конфликтите, изјави претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

На настанот зборуваше и Надица Петровска, психолог која истакна дека во сите основни и средни училишта треба да се реализираат вакви обуки и тренинзи. Ученикот Дамјан Златановски посочи дека здравата комуникација е еден од столбовите на функционално општество, а медијацијата на ученици им помага да се осознаат себеси како соговорници, комуникатори, и помага за опсервација на соговорниците. Крајна цел е да се оствари комуникација која е функционална и позитивна за сите страни.

Проектот е поддржан од “Екуменска иницијатива жена” – Хрватска.