19 Јан Проект: “Рурален развој преку културни обележја во кумановско”
Posted at 16:20h
in Архива
Цел на овој проект да се развие европската димензија на младите луѓе од рурална средина, со фокус на туристичкиот сектор преку подобрување на квалитетот на услугите во областа на туризмот и зголемување на конкурентноста на ранливите групи на пазарот на трудот, кои ќе работат кон подобрување на културното, историското и еколошкото наследство на регион на Општина Старо Нагоричане. Со овој проект, во период јануари-јуни 2014 година, се обучија 20 млади за туристички аниматори за преставување на културните и туристички знаменитости на општината Старо Нагоричане.
Издадено е македонско-англиска брошура: Карактеристикте на заедницата и културното наследство во општина Старо Нагоричане.