23 Јан Проект: „Обединети во мир“
Posted at 11:20h
in Архива
Во проектот беа вклучени ученици од различни етнички заедници од средното училиште „Наце Буџони“ кои беа поделени во две групи: медијација и ненасилно решавање на конфликти со цртање. Проектните активности имаа за цел создавање подобри услови за соработка и ненасилна комуникација преку зголемување на невербалните комуникациски вештини на учениците преку уметност и медијација.
Донатор на проектот: ЕИЖ-Омиш, Хрватска
Издадена е двојазична (македонско-албанска) брошура: Однесување за добра комуникација со ВРСНИЧКА МЕДИЈАЦИЈА






