20 Јан Проект: „Креативно решавање на судири“
Учесници во проектот се наставници, родители и членови на стручните служби од средни училишта од Куманово и Осијек-Хрватска. Целите на проектот се: едукација и зајакнување на преставниците на стручните служби и наставниците за зачувување на менталното здравје на младите, потикнување и активно учество на преставниците на стручните служби и наставниците во креативно решавање на судири во училиште, како и зајакнување на учесниците во работата со младите за превенција на насилство. Во обуката беа користени креативната игра Путолов како и Инструмент за следење на компетенциите важни за ненасилно решавање на конфликти.
Донатор на проектот: ЕИЖ-Омиш, Хрватска.
Проектот се реализира во период 01.07-15.11.20024. Издадена е брошура: Креативен процес во функција на решавање на судири во класот