01 Мај Врстнички едукатори за ментално здравје во ОСТУ Наце Буѓони
На 16.04 и 17.04 во ОСТУ „Наце Буѓони“ ученици Теодора Николовска, Ева Цветановска, Леонид Алексовски, Дарија Трендафиловска и Меланија Лазаревска, со поддршка од Лара Цветковска успешно допреа до 74 ученици од втора и четврта година, со цел да го поттикнат нивното размислување, и да ги охрабрат да зборуваат за важноста на менталното и емоционално здравје. За таа цел подготвивија и презентираа едукативна – емотивна презентација, и вежби за ментално и емоционално здравје која привлече внимание, разбирање и отворен дијалог. На работилниците присуствуваа нивни професорки и претставнички на стручна служба психолог и педагог.
Честитки на младите врснички едукатори кои ја продолжуваат својата мисија да нудат психосоцијална поддршка на своите врсници.
Овие активности се во рамки на проектот “Заедно сме посилни!-Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” поддржан од Екуменска иницијатива жена Омиш