12 Мај Завршна работилница на врснички едукатори за ненасилна комуникација и медијација
Успешно заврши обуката на 25 врснички едукаторки од ДСУ-РЦОО „Киро Бурназ“.
На завршната работилница, одржана на 29.04.2025 година, ученичките од ДСУ-РЦОО „Киро Бурназ“ со голема самодоверба и умешност ги презентираа своите стекнати знаења, докажувајќи дека се подготвени да ја пренесат својата улога на врснички едукаторки за ненасилна комуникација и медијација во своето училиште. Тие покажаа способност за директна работа со своите врсници во решавање на конфликти преку посредување и конструктивен дијалог.
Во текот на четиридневната обука на тема „Врсничка едукација за ненасилна комуникација и медијација“, учесничките се запознаа и активно работеа на следните клучни теми:
-Активно слушање и емпатија,
-Асертивна комуникација и препознавање на емоции,
-Справување со конфликти на ненасилен начин,
-Основи на медијација како метод за решавање спорови,
-Разграничување на позиции, интереси и потреби на страните во конфликт,
-Постигнување взаемно прифатливи договори.
Овие млади едукаторки се важен ресурс за своето училиште и заедницата. Им посакуваме успешно продолжување на нивната мисија во промовирањето на ненасилна комуникација и мирно решавање на конфликти, со надеж дека нивниот пример ќе инспирира уште многу други млади.
Активноста е дел од проектот „Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство“, што го реализира Здружение „Доверба“ – Куманово со поддршка од Ekumenska Inicijativa žena-Omiš.