29 Апр Обука за средношколки од Куманово и Охрид
Во Охрид од 25 до 28.03.2026 се одржа обука во рамки на проектот „Здрави врски –
основа за ментално здравје“, во организација на Здружение Доверба Куманово, а со
поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.
Учествуваа 24 ученички, професорки и претставнички од стручни служби од четири
средни училишта од Куманово и Охрид.
Се работеа теми како: личен развој, здрави односи и граници, самодоверба,
комуникација, родова еднаквост и справување со општествени притисоци.
Учесничките ќе ги пренесат знаењата во своите училишта преку активности со
врсници, професорки и родители, придонесувајќи кон препознавање и справување со
токсични врски.







Заедно градиме поздрави односи и посилна поддршка за менталното здравје!
Проектот се реализира во период од 01.02-01.07.2026.