12 Јун Поделени стикери во ОСТУ Наце Буѓони-Куманово
Posted at 11:29h
in Uncategorized
На „Отворениот и кариерен ден“ во ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, одржан на 19.05.2026 година, стикерите беа поделени на наставници и ученици, испраќајќи силна порака за важноста на разбирањето, почитта и поддршката во секојдневната комуникација.
Целта на оваа активност беше да се подигне свеста за препознавање и заштита од токсични врски, охрабрувајќи ги младите да градат односи исполнети со доверба, емпатија и емоционална сигурност. Овие мали, но значајни пораки, придонесуваат кон создавање побезбедна и поддржувачка средина.
Промената започнува од нас — затоа што секој заслужува безбедни и здрави односи.
Проектот е реализиран од Здружение Доверба Куманово, со поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.