12 Јун Поделени стикери меѓу ученици во Гимназија Гоце Делчев-Куманово
Posted at 11:38h
in Uncategorized
Стикери како потсетник за важноста на здравата комуникација, почитта, поддршката и поставувањето лични граници.
Наставници, стручната служба и ученици од СОУ ,, Гоце Делчев”, Куманово кои активно учествуваа во активностите во рамки на проектот ,,Здрави врски – основа на менталното здравје” и испратија силна порака за значењето на здравите односи и грижата за менталното здравје.
Низ овие мали, но моќни пораки, младите испраќаат јасна порака: здравите врски започнуваат со почит кон себе и кон другите.
Проектот е реализиран од Здружение Доверба Куманово, со поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.