12 Јун Работилници со ученички во Охрид СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
„Здравите врски ни се важни бидејќи ни даваат сигурност да растеме, слобода да бидеме свои и поддршка кога ни е најпотребна.“
Во рамки на проектот „Здрави врски – основа на менталното здравје“, на 13.05.2026 година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид беше реализирана работилница со ученички од прва и втора година, поделени во две групи за поефективна работа, спроведена од ученички учеснички во обуката со поддршка на стручната служба.
Целта на работилницата беше јакнење на личните и социјалните вештини, поттикнување самодоверба, асертивно изразување и подигнување на свеста за препознавање на токсични и манипулативни односи.
Преку презентации, дискусии и интерактивни активности, ученичките учеа како да поставуваат граници, да комуницираат асертивно, да препознаваат емоционална манипулација, љубомора и контрола, како и како да побараат поддршка во нездрава релација.
На крајот од работилницата беше прикажано и видео за токсични врски, изработено од ученичките за време на обуката, кое предизвика голем интерес и позитивни реакции.
Работилниците ги реализираа:
1.Aндреа Савеска
2.Ева Џајкоска
3.Мина Филева
4.Јана Димоска
Проектот „Здрави врски – основа на ментално здравје“ го реализира Здружение “Доверба” Куманово, со поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.