12 Јун Работилници со учесници во Куманово
На 27-ми и 29-ти април 2026 година во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ се одржаа работилници посветени на темата здрави врски и нивното значење за менталното здравје.
Работилниците имаа за цел да им помогнат на младите да ја препознаат разликата помеѓу здрави и токсични врски, да ги воочат предупредувачките знаци („red flags“) и да развијат вештини за поставување лични граници преку асертивна комуникација.
Преку интерактивен пристап и практични вежби, учениците активно учествуваа, споделуваа размислувања и учеа како да ги препознаат однесувањата како манипулација, контрола, љубомора и непочитување на личните граници. Особено внимание беше посветено на влијанието на токсичните односи врз емоционалната состојба, како и на важноста од барање поддршка кога е потребно.
Посебен акцент беше ставен на асертивната комуникација и вештината за кажување „не“ на јасен, смирен и почитувачки начин. Преку вежби и симулации, учениците имаа можност да вежбаат како самоуверено да ги изразат своите мисли, чувства и потреби, без чувство на вина и без нарушување на правата на другите.
На работилниците учествуваа вкупно 64 ученици, кои покажаа висока заинтересираност, зрелост и отвореност за дискусија.
Како резултат, учениците стекнаа поголема свесност за значењето на здравите релации, важноста на личните граници и улогата на асертивната комуникација како основа за добро ментално и емоционално здравје.
Работилниците ги реализираа врсничките едукаторки Александра Марковска, Теа Илиевска, Деспина Трајковска и Нина Вукановска, на кои им честитаме за успешната реализација, посветеноста и ангажманот во работата со младите.
Овие активности се реализираат во рамки на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“, кој Здружение „Доверба“ со поддршка на Екуменска Иницијатива Жена (EIŽ).