Медијатори во ООУ Крсте Мисирков
2419
wp-singular,post-template-default,single,single-post,postid-2419,single-format-standard,wp-theme-bridge,wp-child-theme-bridge-child,bridge-core-1.0.5,ajax_fade,page_not_loaded,,qode_grid_1300,footer_responsive_adv,qode-content-sidebar-responsive,qode-child-theme-ver-1.0.0,qode-theme-ver-18.1,qode-theme-bridge,disabled_footer_bottom,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-8.7.2,vc_responsive
 

Медијатори во ООУ Крсте Мисирков

Медијатори во ООУ Крсте Мисирков

Во рамките на проектот “Училиште без страв, училиште со глас” финансиран од Општината, а во организација на Здружение “Доверба,” по поминатата обука за наставници и ученици од нашето училиште се одржаа две работилници “Од ученик до медијатор” во Медијатеката на нашето училиште на десетти октомври и во наставничката канцеларија на тринаесетти октомври под менторство на наставникот Мима Костиќ, работилница во која обучените ученици на претставници од Училишниот парламент им ги пренесоа своите знаења и вештини за тоа како по мирен пат да се разреши конфликт во кој двете страни ќе бидат задоволни, при што истакнаа дека на тој начин не само што доаѓаат до целисходни решенија на проблемот, туку уште повеќе се учат на активно слушање, разбирање и пронаоѓање на вистината и суштината кои се кријат зад проблемот. Целата поента е во тоа што врсниците подобро се разбираат меѓу себе и учат сами да ги решаваат своите проблеми, и така да ја продлабочуваат својата емоционална писменост (чувство за другиот и емпатија), да развиваат одговорност и меѓуученичка почит. Учиме како да станеме дел од решението, а не дел од проблемот. Голема благодарност до Директорката на нашето училиште Гордана Грговска, нашиот библиотекар Лидија Николовска, Здружението “Доверба” и Општината.