27 Окт Прилог на ТВ Плус за проект: Училиште без страв, училиште со глас
Posted at 13:10h
in Uncategorized
Во рамките на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“, месецов се одржаа по две работилници од ученици за нивните соученици во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“. „Преку драмски вежби, игра на улоги и симулација на реални конфликтни ситуации, учениците активно учествуваа во учењето и заедно бараа начини за мирно надминување на несогласувањата. Активностите беа насочени кон развивање вештини за комуникација, активно слушање, меѓусебно почитување и соработка.
Работилници од проектот „Училиште без страв, училиште со глас“