15 Ное УЧИМЕ ДА ПРЕПОЗНАВАМЕ ЗДРАВИ И НЕЗДРАВИ ОДНОСИ
Како да препознаеме дали некој навистина нè почитува? Дали љубомората е доказ за љубов и пријателство? Дали е во ред некој да ни кажува со кого смееме да се дружиме или да ни бара лозинка за социјалните мрежи?
На овие и на многу други прашања разговаравме со учениците од VII и VIII одделение на работилницата кoja се одржа на 26.10. во ОУ “Христијан Карпош” Куманово,а беше посветена на препознавањето здрави и нездрави односи.
Преку примери, разговор и интерактивни активности, учениците имаа можност да размислуваат за:
- разликите меѓу здравите односи и односите во кои има контрола, љубомора и манипулација;
важноста на меѓусебната почит, довербата и личните граници;
- препознавањето навреди, понижување, притисок и дигитално вознемирување;
- правото да кажеме „НЕ“ и да ги изразиме своите чувства и потреби;
- значењето на поддршката и обраќањето до доверлива возрасна личност кога не се чувствуваме безбедно.
Оваа активност е реализирана во рамки на проектот” Здрави врски -превенција на насилство и поддршка на ментално здравје кај младите”, а кој Здружение “Доверба” Куманово го реализира со поддршка од Општина Куманово