01 Мај Врстнички едукатори за ментално здравје во Гимназија Гоце Делчев
Во Гимназија “Гоце Делчев” се одржаа две работилници од страна на 6 обучени” Врснички едукаторки за ментално и емоционално здравје” со 78 ученици од прва до четврта година на теми: Дигитално насилство -за одговорното однесување на интернет и последиците од злоупотребата -,Менаџирање со стрес,неговите предизвикувачи и знаци и како најдобро да се спречи и надмине, Што се подразбира под ментално и емоционално здравје, што влијае на него и како учениците да создадат механизми за самоодбрана. Ученичките Ева Трајковска, Инес Спасовска, Деспина Трајковска, Ивона Трајковиќ во прва смена и Нина Вукановска и Миња Димитријевиќ на интерктивен начин низ презентациии, разговор, вежби и дискусии успеаја своите врсници да ги подтикнат на размислување, да ги охрабрат дека треба да се застапуваат за себе, да ја зајакнат својата самодоверба и да си бидат поддршка едни на други.На крај беа задоволни од добиена самоевалуација дека успеаја да ја подтикнат свеста за важни теми кај своите врсници како врснички едукаторки а понатаму им понудија и спремност за психосоцијална поддршка. На работилници беа присутни како подршка на ученичките училишните педагог и психолог. Честитки за успешно завршени работилници и посветеноста на Тимот.
Активноста е во рамки на проектот”Заедно сме посилни!-Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” кој Здружение “Доверба” Куманово го реализира со поддршка на Ekumenska inicijativa žena Omiš