01 Мај Работилница на врснички едукатори за ненасилна комуникација и медијација
Како активно да се слуша да се биде емпатичен асертивен да се препознаат и канализираат сопствени емоции и да се користи ненасилна комуникација. Овие теми и како конфликти да се решат со исход во кој и двете страни ке добијат со користење на медијација.Јасно поставени правила на медијација следење на фазите, и разграничување на позиции, интереси и потреби на страните во сукобот и доаѓање до договор прифатлив за двете страни.
на 29.04. 25 ученички од СОУ Киро Бурназ успешно завршија 4-дневна обука, ги презентираа своите знаења и докажаа дека се спремни своите знаења да ги пренесат на своите врсници во училиштето како Врснички едукаторки за ненасилна комуникација и медијација,и директна работа во решавање на спорови со посредување.
Успешно продолжете ја својата мисија во санирање на насилно решавање на конфликти во своето училиште и заедница .
Активноста е во рамки на проектот”Заедно сме посилни!-Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” кој Здружение “Доверба” Куманово го реализира со поддршка на Ekumenska inicijativa žena Omiš.