15 Окт Засадување садници на Градскиот кеј во Куманово
Posted at 05:04h
in Uncategorized
На 09.10.2025год, по повод државниот празник 11 Октомври – Ден на востанието, 40-тина ученици од четири средни училишта во Куманово — ОСТУ „Наце Буѓони“, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, СООУ „Перо Наков“ и ДСУ „Киро Бурназ“, придружувани од свои професори и членови на стручните служби, засадија 29 дрвца на шеталиштето на Градскиот кеј.
Акцијата се реализира како симбол на мир, живот и здравје, во духот на заедништвото и одговорноста кон природата и заедницата.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно сме посилни! – преку врсничка едукација до здравје и ненасилство“, што го спроведува Здружение „Доверба“ – Куманово со поддршка од Ekumenska Inicijativa Žena – Omiš.