20 Ное Работилница со ученици од ООУ Кочо Рацин-Куманово
Posted at 21:10h
in Uncategorized
Заедно создаваме побезбедна и поддржувачка средина за младите!
Во ОOУ “Кочо Рацин” Куманово на 11.11. ја одржавме работилницата „Препознај, зборувај, поддржи“, на која 30 ученици од 9-то одделение активно дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат, дигиталните ризици и начини за барање помош.
Учениците дадоа одлични идеи, споделија искуства и покажаа дека младинскиот глас е клучен во градењето посигурна заедница.
Активноста е дел од проектот “Заедно со младите во поддршка и превенција од социјални ризици” кој Здружение “Доверба” Куманово го реализира со финасиска поддршка од Општина Куманово