12 Јун Работилници со наставници во Охрид
Во рамки на проектот „Здрави врски – основа на ментално здравје“, “,во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ – Охрид реализирани се две работилници со професорки и родителки водени од психологот Анѓелина Филкоска Соколовиќ и педагогот Анастасија Трифуноска. Истите беа посветени на препознавање и справување со токсични релации, развој на самодоверба, поставување граници и унапредување на комуникациските вештини.
На 28.04.2026 година се одржа работилница со професорки, а на 29.04.2026 година работилница со претставнички на Советот на родители.
Преку интерактивна работа, дискусии, анализа на реални ситуации и практични вежби, учесничките имаа можност да споделуваат искуства, да учат за асертивна комуникација, здрави граници и препознавање на контролирачко и манипулативно однесување.
Посебна вредност на работилниците беше активното учество, отворените дискусии и подготвеноста за заедничка поддршка на младите во развојот на нивното ментално здравје и благосостојба.
Заедно создаваме побезбедна, поддржувачка и свесна заедница.
Проектот го реализира Здружение “Доверба” Куманово, со поддршка на Екуменска Иницијатива Жена (EIŽ).