12 Јун Работилници во ОСТУ Наце Буѓони-Куманово
Во рамки на проектот „Здрави врски – основа на ментално здравје“, на 07.05.2026 година во ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово се одржаа две планирани и интерактивни работилници за ученици од прва до четврта година. Работилниците беа реализирани во две групи со цел да се овозможи поголема вклученост, отвореност и активна дискусија.
Целта на работилниците „Здрави врски – основа на ментално здравје“, беше учениците да научат како да ги препознаат карактеристиките на здравите односи, да воочат токсични модели на однесување, да разберат кога и од кого можат да побараат поддршка, како и да развијат вештини за асертивна комуникација и поставување лични граници.
Преку дискусии, презентации и практични вежби, учениците активно учествуваа, споделуваа мислења и покажаа голем интерес. Работилниците се одвиваа во поддржувачка и безбедна атмосфера, која придонесе за поголема отвореност и свесност за значењето на здравите врски во секојдневниот живот.
Работилниците ги реализираа:
Лана Крушиќ
Теодора Николовска
Лана Манасиевска
Сара Димковска
Проектот ,,Здрави врски – основа на менталното здравје” го реализира Здружение “Доверба” Куманово, со поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.