12 Јун Работилница со наставници во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
На 11.05.2026 година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид беше реализирана работилница со родители и наставнички, како дел од проектот „Здрави врски – основа на менталното здравје“. На работилницата присуствуваа и ученичките кои беа дел од обуката.
Целта на работилниците беше јакнење на свесноста за препознавање на токсични односи и развивање вештини за асертивна комуникација со цел зачувување на менталното здравје и подобрување на меѓучовечките односи во семејната и училишната средина.
Преку интерактивни активности, дискусии и презентации, учесниците споделуваа искуства и покажаа голем интерес за темата, а посебно позитивни реакции предизвика видео содржината изработена од ученичките за токсични врски.
Работилниците ги реализираа:
Андријана Паскали
Весна Спасеска
Марија Смилески
Проектот „Здрави врски – основа на ментално здравје“ го реализира Здружение “Доверба” Куманово, со поддршка од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.