12 Јун Јавна презентација во Охрид
На 05.06.2026 во Охрид успешно се одржа јавна трибина во рамки на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“, организирана од Здружение „Доверба“ – Куманово, со поддршка на Екуменска иницијатива жена, Омиш, Хрватска.
На трибината како панелисти учествуваа педагог Андријана Паскали, психолог Анѓелина Соколовиќ и психолог Алберта Гулицовска, додека модератор беше академик проф. д-р Љупчо Кеверески.
На настанот присуствуваа ученици од средните училишта од Охрид, со кои се отворија значајни прашања поврзани со менталното здравје, здравите односи, комуникацијата и меѓусебната поддршка.
Менталното здравје започнува во односите што ги градиме со себе и со другите. Токму тие создаваат безбедна средина за раст, доверба, припадност и благосостојба.
Преку отворена комуникација, меѓусебно почитување и јасно поставени граници, градиме односи кои нѐ поддржуваат, а не нѐ ограничуваат. Затоа, грижата за менталното здравје не е само индивидуален процес – таа се развива и се негува во врските што ги создаваме секојдневно.
Им благодариме на сите присутни за интересот, активното учество и подготвеноста за отворен дијалог. Заедно создаваме простор во кој младите можат да бидат слушнати, разбрани и поддржани.