01 Фев Проект: “Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство”
Во проектот: “Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” се опфатени ученци, нивни родители, наставници од четири средни училишта од Куманово: ОСТУ Наце Буѓони, Гимназија Гоце Делчев, ОСУ Перо Наков и СОУ Перо Наков. Учениците беа поделени во три групи: врснички едукатори за ментално и емоционално здравје и напредна врсничка помош и група за сликање и цртање а родителите и наставниците беа дел од групата Превенција на насилство. Се одржаа три обуки-семинари, голем број на работилници, садење на дрва, принтање на летоци, плакати и брошура, снимање и промоција на видео пораки, дебата со родители/наставници, завршна презентација.
Проектот е реализиран во период 01.02-01.10.2025 год.
Донатор на проектот: ЕИЖ-Омиш, Хрватска.
Издадени се брошура: Поддршка, доверба и разбирање на предизвиците на тинејџерските години
Постери: Ментално здравје и Заедно сме посилни






