27 Окт Започна реализација на проектот: „Училиште без страв, училиште со глас“
На 3-ти и 4-ти септември, во рамки на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“, беа реализирани две интерактивни работилници со ученици од VI до IX одделение од ООУ „Крсте П. Мисирков“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.
Работилниците беа посветени на емоционалната писменост, ненасилната комуникација и ненасилното разрешување на конфликти. Преку разговор, работа во групи, практични активности и игра на улоги, учениците учеа да ги препознаваат и именуваат емоциите, активно да слушаат, да комуницираат без обвинување и да бараат мирни решенија при конфликтни ситуации.
Работилниците беа динамични и многу интерактивни, а учениците покажаа особен интерес за темите и активно учествуваа во сите активности.
На работилниците присуствуваа и две професорки менторки, кои дадоа поддршка во реализацијата.
Проектот „Училиште без страв, училиште со глас“ е поддржан од Општина Куманово.
Да се препознае сопствената емоција, да се слушне другиот и конфликтот да се реши мирно, се вештини за целиот живот.