27 Окт Работилница со ученици од ООУ Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци
Posted at 13:01h
in Uncategorized
На 10 и 11 септември, во рамки на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“, беше реализирана обука за ученици од VI до IX одделение од ООУ „Крсте П. Мисирков“ и ООУ „Браќа Миладиновци“, кои се обучуваа за медијатори во училишната средина.
Обуката беше посветена на развивање вештини за мирно разрешување на конфликти, активно слушање, комуникација и медијација, со цел учениците да можат да помогнат во градењето побезбедна и поподдржувачка училишна средина.
Обуката беше многу интерактивна и практична. Преку игра на улоги, конкретни примери и симулации на ситуации од училишното секојдневие, учениците имаа можност да ги применат научените вештини и да се стават во улога на медијатори.
Со активно учество, дискусии и размена на идеи, учениците покажаа голем интерес и подготвеност да преземат активна улога во создавањето училиште во кое конфликтите се решаваат со разговор, разбирање и соработка. 
Проектот „Училиште без страв, училиште со глас“ е поддржан од Општина Куманово.
Најважниот чекор кон мирот е некој да знае како да ги слушне двете страни.