27 Окт Работилница во ООУ Браќа Миладиновци со ученици-медијатори
На 02 и 06.10.2026, во ОУ „Браќа Миладиновци“, во рамките на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“, се реализираа две работилници од ученици за нивните соученици.
Учениците-медијатори ги презентираа своите знаења за медијацијата и ненасилното решавање конфликти, а преку игра на улоги, драмски вежби и практични ситуации активно ги вклучија и своите соученици.
Заедно вежбаа активно слушање, јасна комуникација, почитување на различните мислења и заедничко барање решение.
На овој начин учениците не само што учат за медијацијата, туку самите стануваат носители на знаењето и пример за своите врсници.
Учиме едни од други – за училиште во кое конфликтите се решаваат со разговор, разбирање и соработка.
Проектот „Училиште без страв, училиште со глас“ го реализира Здружение „Доверба“ – Куманово, со поддршка од Општина Куманово.