27 Окт Обука за родител од ООУ Браќа Миладиновци
Posted at 13:24h
in Uncategorized
Во ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа обука за родители посветена на конструктивно решавање конфликти, развивање емпатија и подобрување на комуникацијата со децата.
Обуката се реализираше во рамки на проектот „Училиште без страв – училиште со глас“, спроведуван од Здружението „Доверба“ Куманово, со поддршка од Општината.
Преку разговор, размена на искуства и практични насоки, родителите се едуцираа за важноста на смирената комуникација, меѓусебното почитување, активното слушање и конструктивното решавање конфликти. Посебен акцент беше ставен на улогата на родителите како пример за своите деца, бидејќи децата најмногу учат од однесувањето на возрасните, нивните реакции и начинот на кој ги решаваат несогласувањата.