19 Јун Проект: “Заедно со младите за поголема енергетска ефикасност”
Posted at 10:09h
in Архива
Со овој проект беа опфатени 25 млади од општините: Старо Нагоричане, Куманово, Крива Паланка и Кратово. Целта на проектот беше учесниците да се обучат за важноста на енергетската ефикасност, нејзиното влијание врз климатските промени, како и конкретни ефикасни мерки кои може да се имплементираат во домашните средини и општини. Учесниците имаа обука каде се укажа на потребата за воведување и имплементирање на енергетска ефикасност. Проектот се реализира во период јуни-декември 2017 год.
Донатор на проектот: Влада на РМ.
