19 Јан Проект: “Преку младинско претприемништво до рурален развој”
Posted at 10:09h
in Архива
Цели на овој проект се: зголемување на економскиот раст и на вработеностa, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот. Проектот “Преку младинско претприемништво до рурален развој” е реализиран сво соработка со општините: Старо Нагоричане, Крива Паланка, Куманово, Ранковце и Кратово со 20 невработени млади лица. Со едукацијата за елементи за процес на планирање, структура, можни извори за финансирање на бизнис план учесниците се подготвија за правење на групни бизнис планови кои ги презентираа на завршната работилница. Проектот се реалиѕира во период јануари – јуни 2016 год.
Беше издадена двојазична (македонско-англиска) брошура
Донатор на проектот: Влада на РМ.
