30 мај, 2023 in Uncategorized На 23.05. се одржа работилница со група Почитување на разлики во која учествуваа ученици од ОСТУ “Наце Буѓони ” СОУ “Перо Наков” и Гимназија ” Гоце Делчев “од мешан етнички состав. Tемата Човекови права беше разработена преку: значење на поимот, групирање, базични принципи, и примена на човекови права.
30 мај, 2023 in Uncategorized На 18.05.2023 година се одржа третата работилница на групата за Ненасилна комуникација и медијација составена од ученици од Гимназија “Гоце Делчев “и СООУ “Перо Наков” од мешан етнички состав . Учесниците ги вежбаа фазите на медијација на дадени сценарија поделени во 4 групи на 4 различни проблеми.
30 мај, 2023 in Uncategorized На 10.05.2023г. во ОСТУ “Наце Буѓони “одржана трета работилница на врсничка обука за медијација на која ученици ги потсетија своите врсници за претходно поминатите најбитни сегменти на ефикасна комуникација и активно слушање. Фазите на медијација се обработија преку сценарио на измислен случај.
01 мај, 2023 in Uncategorized На 27.04.2023 одржана работилница на групата “Почитување на разлики” составена од ученици од мешан етнички состав од ОСТУ “Наце Буѓони,” СОУ “Перо Наков” и Гимназија “Гоце Делчев” се работеше на влијанието на перцепции, стереотипи и предрасуди за подобро меѓусебно разбирање.
01 мај, 2023 in Uncategorized На 25.04.2023 година се одржа втората работилница од циклусот еднодневни работилници на тема „Ненасилна комуникација со акцент на медијација“ со ученици со мешан етнички состав од Гимназијата „Гоце Делчев“ и СОУ „Перо Наков. На работилницата учениците го повторија целиот материјал работејќи во пет групи и вежбаа медијација со дадено сценарио. Воедно се подготвија за дисеминација на наученото во своите училишта при отварање на Клубови за медијација
01 мај, 2023 in Uncategorized На 06.04.2023 одржана е втора работилница со врсничка обука за ненасилна комуникација и медијација каде четири обучувачи им ги презентираа темите: парафразирање, позиции, интереси и потреби како и фази на медијација на 35 свои врсници од мешан етнички состав од ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово.
06 април, 2023 in Uncategorized На 29.03. се одржа првата работилница на групата “Почитување на разлики” на тема “Култура и мултикултура”на која присуствуваа 24 ученици од мешан етнички состав од три средни училишта (ОСТУ “Наце Буѓони”, Гимназија “Гоце Делчев” и СОУ” Перо Наков”)темите предизвикаа многу дебата но и учење на едни од други и едни за други.
06 април, 2023 in Uncategorized Учениците од групата “Ненасилна комуникација и медијација” ја одржа својата прва работилница на 23 март во Гимназијата Гоце Делчев
06 април, 2023 in Uncategorized Веќе обучените ученици од ОСТУ Наце Буѓони, групата за “Ненасилна комуникација и медијација” ја одржа првата работилница на 10 март
06 април, 2023 in Uncategorized Родители и професори на учениците на 16 март во кружната сала на Комитет одржаа еднодневен семинар за “Eфикасна и ненасилна комуникација со младите”