15 Jul Работиме заедно за подобра комуникација во училиште
Posted at 12:30h
in Проекти
Од 15.11. до 31.12.2008 во партнерство со уште две невладини организации од Куманово и Липково реализиравме проект за медијација и ефикасна комуникација со представници од советот на родители од сите 4 средни училишта во Куманово и Липково. Проектот е насловен: Работиме за подобра комуникација во училиште. По завршување на тренинг 20 родители од мултиетничка позадина направија пеер едукација на оваа тема со држење на работилници во нивите училишта. Во овој проект беше издадена брошура: Техники за подобра комуникација со младите. Донатор на овој проект е ОБСЕ.